„Скопје памти: 55 години од скопскиот земјотрес“, концептуален натпревар

posted in: Uncategorized | 0

На 28.10.2018 со почеток во 11 часот, во СУГС „Никола Карев“ во Скопје, се одржа концептуален натпревар за средношколци во организација на ЗИРМ и Град Скопје. Натпреварот беше посветен на одбележувањето 55 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година. Целта на натпреварот беше да се надминат фактографските знаења и на вакви теми учениците да имаат можност историските познавања да ги претстават низ своја идеја-концепт од аспект на локалната историја, семејната историја, литаратурно, епистоларно и корисејќи ги алатките на современата методика историографија. Под менторство на своите наставници, на натпреварот учевство зедоа 14 ученици од средните училишта на Град Скопје.

Во креативна и отворена атмосфера, пред комисијата на ЗИРМ беа претсавени презентациите и беа разменати идеи и контакти за понатамошна соработка.

Доделувањето на наградите ќе биде на 3. ноември од 11 часот во просториите на Институтот за национална историја. По тој повод ќе биде одржано пригодно предавање од страна на професори од ИНИ, а ќе бидат врачени награди и благодарници на учесниците.

Одржувањето на овие настани и натпреварот е дел од проектот на ЗИРМ „Скопје памети: 55 години од скопскиот земјотрс“ кој е поддржан од Град Скопје.

Се одржа настанот на ЗИРМ „Современата македонска исориографија и агората“

posted in: Настани | 0

На 6. октомври 2018, својата ревитализација како и почетокот на активностите од академската есен, ЗИРМ ги одбележа преку одржувањето на настанот „Современата македонска историографија и агората“.

Настанот помина во светлото на отвореност и апропријација на институционалниот академски и образовен простор од страна на љубопитното истражувачко око, што овозможи динамична дискусија меѓу присутните и „замислување на агората“.

По проeкцијата на два краткометражни македонски документарни филмови во соработка со Кинотека на Македонија, збор зедоа говорниците проф. д-р Марија Пандевска, проф. д-р Ристо Солунчев и м-р Борче Милошески. Дискусијата разви прашања околу сфаќањето на историјата во современиот македонски дискурс, развојните фази на македонската историографија, постмодерната, meme културата и современите феномени, предизвиците кај научните и просветните работници, национализмот и дискурсот на „враќањето на нациите“.

Беше презентирана платформата за истражувачи во хуманистичките науки – Алтер/Alter, како и новата платформа на ЗИРМ.

Настанот го одбележа и заборавеното пријателството меѓу Институтот за историја и Институтот за филозофија, потребата од вакви другарства и нивните можности кај нас.

Во продолжение можете да го проследите видеото со сегменти од настанот.