На 6. октомври 2018, својата ревитализација како и почетокот на активностите од академската есен, ЗИРМ ги одбележа преку одржувањето на настанот „Современата македонска историографија и агората“.
Настанот помина во светлото на отвореност и апропријација на институционалниот академски и образовен простор од страна на љубопитното истражувачко око, што овозможи динамична дискусија меѓу присутните и „замислување на агората“.
По проeкцијата на два краткометражни македонски документарни филмови во соработка со Кинотека на Македонија, збор зедоа говорниците проф. д-р Марија Пандевска, проф. д-р Ристо Солунчев и м-р Борче Милошески. Дискусијата разви прашања околу сфаќањето на историјата во современиот македонски дискурс, развојните фази на македонската историографија, постмодерната, meme културата и современите феномени, предизвиците кај научните и просветните работници, национализмот и дискурсот на „враќањето на нациите“.
Беше презентирана платформата за истражувачи во хуманистичките науки – Алтер/Alter, како и новата платформа на ЗИРМ.
Настанот го одбележа и заборавеното пријателството меѓу Институтот за историја и Институтот за филозофија, потребата од вакви другарства и нивните можности кај нас.
Во продолжение можете да го проследите видеото со сегменти од настанот.