Почитувани,
Здружението на историчари на Република Македонија во 2023 година се стекна со акредитација за организирање на натпревари по историја за средно образование.
Согласно добиената акредитација, како и согласно Статутот на Здружението на историчари на Република Македонија и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2025 година, во следниот период ќе бидат организирани:
– општински натпревари на 15.03.2025 година;
– регионални натпревари на 12.04.2025 година и
– државен натпревар на 17.05.2025 година.
Општинските и регионалните натпревари ќе се одржат онлајн.
За учество на општинскиот натпревар потребно е ученикот да напише есеј на тема по сопствен избор, по подолу наведените критериуми и да го достави на посочената електронска адреса.
Критериуми за пишување на есеј:
– да имаат воведен, главен и завршен дел,
– да бидат за личност или настан од историска тематика,
– да бидат на теми од македонска национална историја,
– од 500 до 700 зборови,
– да бидат пишувани со фонт Times New Roman, со македонска поддршка и со големина на фонт 12,
– во левиот горен агол на документот да бидат наведени: име и презиме на ученикот и настаникот-ментор и назив на училиштето
– да бидат испратени најдоцна до 13.03.2024 година на електронската адреса: istorija.natprevar@gmail.com.
Учество на натпреварите можат да земат сите ученици од средните училишта во Република Македонија.
Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 3 дена по натпреварот.
Со почит,
Здружение на историчарите на Република Македонија