Имаме особено задоволство да Ве поканиме на предавањето на д-р Бојана Радовановиќ од Универзитетот во Виена / Радбоуд Универзитет, Најмеген, насловено „Medieval Macedonia and its Medial Role in the History of Balkan Bogomilism: Center and Crossroad of Literacy, Orthodoxy and Heterodoxy”, кое во во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ) со поддршка од Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи на 29 март 2022 г. (вторник), со почеток во 12:00 во свечената сала на Филозофскиот факултет.
Во согласност со протоколите за COVID 19, предавањето ќе се реализира хибридно, со физичко присуство, како и преку online платформата Microsoft Teams. Линкот за online вклучување ќе ви биде испратен дополнително.
Предавањето се однесува на средновековна Македонија од аспект на нејзиното географско, духовно и книжевно средиште. Меѓу другото ќе биде засегнат и феноменот на богомилството како автентична духовна појава, чиишто почетоци територијално се поврзуваат со средновековна Македонија и присутни се во континуитет сѐ до неговото исчезнување во 15 век. Предавањето ќе се фокусира на фундаменталната улога на Македонија имајќи ја предвид нејзината средишна географска местоположба, патната мрежа, но и богатата книжевна и духовна традиција.
Предавањето претставува дел од научната програма на ЗИРМ за одбележување на 70-годишнината од своето основањето, како и 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Модератор на предавањето ќе биде проф. д-р Маја Ангеловска-Панова