Здружението на историчарите на Република Македонија, Скопје, во соработка со Град Скопје во изминатиов период го реализираа проектот „Обои ја Скопска Црна Гора“.
Целта на овој проект беше да ги претстави подзаборавените делови на градот Скопје кои туристички имаат многу што да понудат. Преку запознавање на културното и историското богатство, овој проект имаше за цел да ги афирмира селата од Скопскиот регион кои се наоѓаат во подножјето на планината Скопска Црна Гора и да ги направи привлчени места за туризам, но исто така и да ја зачува и да го пренесе богатото културно историско значење на овие места. Исто така, цел на овој проект беше и подигање на знаењето и свеста за историската меморија, за културното, духовното и фолклорното сеќавање изразено преку фотографии од територтијата на Скопска Црна Гора.
Специфична цел на овој проект беше дигитализација и колоризирање на стари фотографии кои што го отсликуваат битовиот елемент во животот на минатите генерации и нивно вистинско презентирање на месното и поширокот население на територијата на Град Скопје, а со тоа и нивно детално запознавање за културата, историјата, традициите и обичаите на населението од овој регион. Проектот имаше за цел и да поттикне соработка и размена на идеи на жителите од Скопска Црна Гора и да ги инспирира кретивно да размислуваат на разни теми од нивното историско минато.
Прва активност во реализација на овој прокет беше запознавање на месното население и истражување (собирање на фотографии од самото население). Имено, од страна на проект менаџерот, асистентот на проектот и стручниот соработник се премина кон теренска подготовка и истражување меѓу месното население од населените места во подножјето на Скопска Црна Гора, информации и фотографии кои понатаму беа искористени за што поуспешна реализација на овој проект. Понатаму, се воспостави првична комуникација со раководствата на основните и средните училишта училишта каде што се планираше да се постави изложбата.
Втората активност се реализира во истражување и собирање на фотографии во соодветните национални институции кои се наоѓаат на територијата на град Скопје (Државен архив, Институт за национална историја, Музеј на Град Скопје, Музеј на Македонија, итн). Потоа следеше колекционирање, евидентирање и дигитализација на собраните фотографии од самиот терен на населените места од подножјето на Скопска Црна Гора и од погореименуваните институции, а се со цел да се направи соодветна селекција за нивно обработка и презентација. Следна фаза беше селектираните фотографии посебно да се обработи, што подразбира нејзино колоризирање и „оживување“, а со цел истите да се приближат до жителите на овој регион, но и на жителите на Град Скопје.
Следна активност од овој проект беше презентирање на целокупните резултати од претходните активности. Одбраните и колоризирани фотографии беа поставени на еден банер и три големи паноа. Банерот беше од информативен карактер, а другиот дел со највпечатливите фотографии кои произлегоа од преоктот. Трите паноа беа тематски искомпонирани, т.е. на првото пано имаше панорамски и архитектонски фотографии од населените места на СЦГ, на второто пано имаше фотографии од свадбени обреди и фотографии од секојдневниот живот на населението и на третото пано беа поставени фотографии од носии и од полските работи на локалното население. Организирани беа неколку изложби со обработените фотографии од регионот на СЦГ, и тоа: во ООУ „Гоце Делчев“ во селото Љубанци во периодот од 18-23 септември 2019 година, потоа во ООУ „Кирил и Методиј“ во селото Кучевиште во периодот од 24-30 септември, во ООУ „Ацо Шопов“ во периодот од 30 септември – 7 октомври и во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во периодот од 9-15 октомври 2019 година.