Почитувани и драги наставници и ученици,
Здружението на историчари на Република Македонија согласно Статутот на Здружението и
Календарот за организирање на натпревари по историја за 2024 година на 18.05.2024 година
ќе го организира државниот натпревар по историја за учениците од средните училишта. За
подобар увид во распоредот на активностите, ја објавуваме и агендата за самиот ден.
Како што и претходно беше посочено, натпреварот ќе се оддржи на Филозофски факултет во
Големиот амфитеатар (III), а на учениците ќе им биде зададен тест на знаења во кој ќе бидат
содржани прашања и задачи на тема: „АСНОМ и антифашистичкиот отпор во Македонија за
време на Втората светска војна“.
Ви посакуваме успешна работа и Ве очекуваме на натпреварот.